Хрватите не жалат пари: Еден ден во Осло чини 900 евра, а интересот е - огромен!

Огромна ракометна еуфорија ја зафати Хрватска откако репрезентацијата на оваа земја се пласира во финалето на Светското првенство, првпат по пауза од 16 години.

Досега „коцкестите“ играа во загрепската Арена имајќи предвид дека Хрватска е ко-домаќин на шампионатот, заедно со Норвешка и Данска, но финалето в недела ќе се одржи во Осло. На два дена пред најважниот натпревар, голем број навивачи се подготвуваат да отпатуваат во норвешката престолнина и во живо да ѝ дадат поддршка на својата репрезентација.

Најмалку два, а можеби и четири чартер летови ќе има за Осло со тоа што хрватските агенции нудат аранжман од 900 евра, без спиење. Се тргнува в недела наутро, во 8 часот, во цената е вклучен билет за натпреварот, а навивачите ќе тргнат кон Хрватска во вечерните часови.