Манчестер сити го чека „пеколен“ февруари!

Фудбалерите на Манчестер сити избегнаа елиминација во првата фаза од Лигата на шампионите, но немаа премногу среќа во ждребката бидејќи за противник го добија Реал Мадрид.

Манчестер сити и Реал Мадрид во последните четири години играа дури осум пати, па поради тоа Гвардиола не гледа на натпреварот како на некое големо дерби.

„Ова веќе не изгледа како дерби. Играме против нив четири години. Ќе биде тешко“, изјави Гвардиола во најавата за натпреварот против Арсенал.

„Граѓаните“ не играат најдобра сезона, а во февруари ги чека пеколен распоред од кој може многу да им зависи исходот на комплетната сезона.

В недела ги чека натпревар против Арсенал на „Емирати“, потоа ќе имаат одмор шест дена и натпревар со Лејтон Ориент во ФА Купот каде што Пеп сигурно ќе ги одмора најважните. Три дена подоцна играатп ротив Реал Мадрид на „Етихад“, а во Премиер лигата им гостува Њукалс, па тие гостуваат во Мадрид.

На 23 февруари Манчестер сити ќе биде домаќин на Ливерпул, додека на крај од месецот пред репрезентативната пауза ќе патуваат во Лондон кај Тотнем.