Официјално: Наташа Андонова се врати во Шпанија

Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова по епизодата во Саудиска Арабија се враќа во Шпанија и тоа во тимот на Мадрид.

Андонова која има 31 година претходно во Шпанија го носеше дресот на Барселона и Леванте, а сега ќе игра во Мадрид.

Во редовите на Мадрид пристигнува од саудискиот Ал-Шабаб од Саудиска Арабија. Тимот на Мадрид во овој момент се наоѓа на десеттото место во првенството.

Низ кариерата Андонова настапуваше уште за: Турбине, Розенгард, ПСЖ, Борец Велес и Тиквешанка.