Уште една приватна журка во МОК: Димевски одржа Собрание без спортските федерации!
Иако беше евидентно неприсуството на најголемите спортски федерации (фудбалската, ракометната, одбојкарската) како и на тие федерации што даваат најголем дел од олимпијците, сепак Димевски со полчасовно задоцнување, поради тоа што се собираа луѓе за кворум, ја почна седницата која траеше четириесетина минути. Во Салата немаше присутно повеќе од двесет луѓе.
Спорно беше оправувањето дека кворум има, дека некои делегати ќе бидат присутни на онлајн платфората Зум, а уште поспорно беше тврдењето на Димевски дека добил три писма од тројца делегати кои однапред се согласуваат со одлуките кои ќе бидат донесени.
Едниот вози трка, другиот во моментов лета со авион, рече Димевски.
Точките на дневниот ред беа гласани со брзина на светлината, за никоја од нив немаше дебата, а Димевски иако призна дека нема двотретинско мнозинство за менување на Статутот, сепак ја почна процедурата со која се ограничува мандатот на претседателот на 12 години и максимална старосна граница од 70 на денот на изгласувањето. Според претседателот на МОК, сите федерации во наредниов период ќе праќале согласност на мејл, па коа ќе се собереле двотретински број на гласови (!?), изменетиот Статут ќе одел во Централен Регистар.
Од останатите работи вредни за споменување, Димевски рече дека сите статути на македонските спортски федерации морале да бидат кроени според Статутот на МОК, со цел да останат подложни од надворешни влијанија и дека тоа го барала Олимписката повелба.
Димевски на крајот ги информираше присутните за новите имиња во Собранието на МОК, како и за тоа дека Управниот одбор ќе биде проширен на 27 члена.