Ѓоковиќ се појави на „вечното дерби“ и не ги заборави студентите (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ постигна многу низ кариерата како тенисер, но сега уште еднаш покажа зошто е омилен во неговата Србија.

Вечерва во Евролигата се игра дербито помеѓу Партизан и Црвена Звезда, а Ѓоковиќ во белградската арена се појави во дуксер со кој искажа поддршка на студентите кои овие денови протестираат во Србија.

На дуксерот кој го носеше Ѓоковиќ во овој натпревар од 24. коло стоеше натпис:

„Студентите се шампиони“.