Данска покажа сила и ја потопи Португалија во второто полувреме!

Репрезентацијата на Данска одигра уште еден доминантен натпревар на Светското првенство и славеше победа над Португалија со 40-27.

Португалците уште на самиот старт се соочија со проблеми и во почетните минути заработија дури три исклучувања, Данците тоа го искористија и поведоа со 6-2. Таа негатива не ја откаажа Португалија која дојде до „минус еден“ на средина од првиот дел (13-12).

Сепак, Данска не дозволи да ја испушти предноста, повторно го подигна нивото на игра и на пауза замина со 20-16. 

Ако до некаде Португалците парираа во првото полувреме, целосно потфрлија во вториот дел кога Данска ја покажа својата моќ. Како што одминуваше време актуелните светски шампиони само ја зголемуваа предноста.

На крајот Португалија доживеа и дебакл со огромни 13 голови разлика, а Данска само уште еднаш ја потврди својата моќ. Најефикасен во редовите на Данска беше Гидсел со девет гола, додека Шмид постигна осум. Кај Португалците, Ареј постигна пет, Итуриза четири.

За Португалија сега останува натпреварот за трето место против Франција, додека Данска ја чека финалето против Хрватска.