Паднаа сите рекорди: Шкотланѓанец вреден 700.000 евра доаѓа во Гостивар!

Ли Ирвин ќе стане првиот шкотски интернационалец во Првата македонска фудбалска лига ако се остварат најавите за негов премин во тимот на Гостивар.

Станува збор за 30-годишен напаѓач кој во „есенската“ полусезона беше член на Хелсинки со кого настапи и во Конференциската лига и постигна три гола против Клаксвик од Фарски Острови во квалификациската рунда. Претходно, освен во шкотското првенство, настапувал и во Либан, Иран и неколку англиски клубови од кои најпознат е Лидс Јунајтед чиј член бил во сезоната 2015/16, во Чемпионшип дивизијата.

Ирвин би дошол во Гостивар како слободен играч, а ќе биде еден од највредните фудбалери во македонскиот шампионат бидејќи Трансфермаркт го процени на 700 илјади евра.