Нов скандалозен напад на Реал кон УЕФА: Секоја година измислуваат начин да нѐ елиминираат
Одамна е во војна со Ла Лига, со судиската организација, со Барселона, а од денеска и со УЕФА, односно првиот човек на оваа организација Александер Чеферин. По денешната ждрепка за Лигата на шампионите, уредникот Давид Алварез го нападна Чеферин за наместена ждрепка имајќи предвид дека Реал за ривал го доби Манчестер Сити.
„Треба да видите какви работи измислува УЕФА секоја година за да го елиминира Реал. Шест титули за 10 години придонесоа злобата на Чеферин да порасне колку Гренланд. Треба да им се признае дека оваа година се покреативни, но ќе видиме“, напиша Алварез на Твитер, а многумина во ова видоа зборови кои Флорентино Перез не смее да ги каже, па ги користи своите новинари.
Реал и Сити ќе се сретнат четврта година по ред во Лигата на шампионите, овојпат најрано, во плејофот, фаза која е дел од новиот формат на елитното натпреварување.