Епски пресврт на Хрватите: Губеа четири разлика на пет минути пред крајот и - обезбедија полуфинале!
„Коцкестите“ беа во негатива речиси цел натпревар, но кулминација на возбудувањата беа последните пет минути во кое се случи нешто што одамна не е видено на ракометните терени. Во 55. минута Унгарија имаше водство од 30-26 и се чинеше дека ќе замолкне над 10 илјади хрватски навивачи во загрепската Арена.
Следуваше серија од 5-0 на Хрватска при што последниот гол, дело на Шипиќ беше постигнат во последната секунда од мечот. На влезот на финалната минута Унгарија се уште беше во предност, па во игра мораше да влезе повредени Домагој Дувњак кој изнуди пенал, а Главаш од линијата израмни на 30-30. Унгарците имаа напад за победа, но не само што не го искористија, туку му дадоа десетина секунди за напад на противникот. Срна го поведе контранападот, го проигра Шипиќ, а овој погоди со истекот на времето.
Главаш со шест гола беше најефикасен кај Хрватите, а по пет постигнаа Срна и Шипиќ. Илиќ постигна осум гола за унгарската репрезентација. Во полуфиналето, Хрватска ќе игра со победникот од дуелот меѓу Франција и Египет кој почнува во 20:30 часот.