Беса потпиша со хрватски стопер кој вторпат ќе игра во македонската лига

Хрватскиот дефанзивен фудбалер, Никола Гавриќ е ново засилување за Беса од Добри Дол.

Беса денеска го потврди ангажманот на Никола Гавриќ за кого ова нема да биде прво играње во македонската лига. Хрватот веќе го носеше дресот на Борец каде исто така тренер му беше Горазд Михаилов кој сега го води тимот од Добри Дол.

Гавриќ доаѓа од Виторул од Романија, а во својата кариера има настапувано уште во Франкавиља, Новиград, Слиема Вондерерс, Слобода Ужице, Опатија, Јадран Пореч и Сесвете.