Поранешен капитен на Интер потпиша за Фенербахче!
Поранешниот капитен на Интер, Милан Шкрињар не се снајде најдобро во ПСЖ, тоа го искористи Мурињо да го повика за да заигра за Фенербахче.
Денеска позајмицата и официјално беше комплетирана.
„Нашиот клуб постигна договор со играчот и неговиот клуб ПСЖ за позајмица на Милан Шкрињар. Тој ќе го носи жолто-синиот дрес до крајот на сезоната“, стои во соопштението на Фенербахче.