Алармот во Милан е уклучен, Ибра им држел говор на фудбалерите!
„Газета дело Спорт“ пишува дека во клубот е одржан кризен состанок кој го водел Ибрахимовиќ.
Милан требаше да победи за да се задржи во топ осум и да избори директен пласман во осминафиналето. Вака росонерите ќе треба да играат плеј-оф за да дојдат до таму.
Поразот предизвикал финансиски удар, но и дополнителни два натпревари во ионака густиот распоред.
Од тие причини Ибрахимовиќ заедно со членот на управата Џорџо Фурлан и спортскиот директор Џофри Монкадо утринава одржале состанок со фудбалерите и тренерот во Миланело, тренинг центарот на Милан.
Состанокот бил важен и што следен меч на Милан е големото дерби против Интер кое се игра во недела од 18 часот.