Десетти нов играч меѓу „црвено-црните“: Вардар се засили со фудбалер на Брера
Мато доаѓа од тимот на Брера каде го помина есенскиот дел од сезоната, настапи на 20 натпревари, сите како стартер и постигна три гола. На теренот помина вкупно 1.579 минути и беше еден од најзначајните играчи на струмичкиот тим. Игра на позицијата десно крило, а е стандарден репрезентативец на Уганда за која забележа 26 настап.
Мато е десетто засилување за Вардар во јануарскиот преоден рок по Пинтер, Јанкулов, Маневски, Цикарски, Тодоровски, Спахиу, Талески, Талевски и Матиќ. Екипата во моментов се наоѓа на подготовки во Анталија каде Мато се приклучи и треба да биде во комбинација за претстојните пријателски натпревари.