Манчестер сити пред жестока казна - ќе му бидат одземени 40 бодови!?

Англискиот шампион Манчестер сити би можел да добие огромен удар и да загуби дури 40 бодови, доколку биде прогласен за кршење на финансискиот фер-плеј.

Медиумите пишуваат дека наскоро би можела да биде донесена одлука која ќе го промени текот на сезоната во Премиерлигата. Сити би загубил дури 40 бодови, а засега не се размислува за опцијата за автоматско испаѓање од елитата.

Меѓутоа и одземање на 40 бодови од гигантот ќе биде тежок удар затоа што „граѓаните“ би паднале на последното место и ќе имаат само еден бод (во моментов имаат 41 поен на табелата).

„Граѓаните“ се соочуваат со 115 обвиненија за кршење на финансискиот фер-плеј, а наскоро се очекува пресудата за целиот случај.