Трипл дабл на Јокиќ, Денвер во серија порази (ВИДЕО)
Шампионот од пред две години загуби на гостувањето кај Чикаго со 121-129 и покрај уште едно антологиско издание на Никола Јокиќ. Србинот го оствари својот 21. трипл дабл во сезоната, постигнувајќи 33 поени, 14 асистенции и 12 скока, но ни тоа не беше доволно за триумф, па Денвер го претрпе и вториот пораз во низа. Во првото полувреме Јокиќ беше перфектен, постигна 21 поен со шут од игра 10/10.
Одлучувачка беше последната четвртина која Чикаго ја доби со 34-25 откако во првото полувреме гостите имаа и 12 поени предност. Интересно е тоа што Денвер го имаше и вториот најдобар стрелец на мечот во Браун кој постигна 28 поени. Зад него останаа Лавин со 21 поен и Вучевиќ со 20 поени, 10 скока и 6 асистенции.
Со овој триумф Чикаго се зацврсти на десеттата позиција на Истокот, додека Денвер им даде шанса на Лејкерс да се борат за четвртото место во Западната конференција.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот - ЛА Лејкерс 107-112
Кливленд - Детроит 110-91
Бостон - Хјустон 112-114
Бруклин - Сакраменто 96-110
Мајами - Орландо 125-119
Њујорк - Мемфис 143-106
Торонто - Њу Орлеанс 113-104
Чикаго - Денвер 129-121
Минесота - Атланта 100-92
Далас - Вашингтон 130-108
Јута - Милвоки 110-125
Феникс - ЛА Клиперс 111-109