Балотели по само три месеци ја напушта Џенова?

Италијанскиот напаѓач пред три месеци пристигна во редовите на Џенова, но сега се наоѓа на излезни врати од екипата.

Балотели издржа само три месеци во Џенова, одигра шест натпревари, односно вкупно 56 минути.

Последниот настап го имаше на 21 декември, кога одигра само седум минути и очигледно не е задоволен во клубот.

Медиумите пишуваат дека Балотели активно бара нов клуб каде што ќе може да добие поголема минутажа, а еден од кандидатите е Круз Азул од Мексико.