Адем Мекиќ останува во Косово: Потпиша нов договор со Бора
Екипата од Косово на социјалните мрежи го потврди продолжувањето на соработката со македонскиот кошаркар.
Мекиќ во редовите на тимот од Косово прситигна во декември и веднаш се наметна како еден од најважните во составот. Сезонава на седум натпревари оствари просек од 13.2 поени по натпревар 5.0 скокови и 2.8 асистенции во 37 минути поминати на теренот.