Барселона ослабена ќе го нападне голот на Димитриевски

Каталонскиот гигант Барселона ќе се соочи против Валенсија во шпанската Ла Лига, а тренерот Ханси Флик откри на кои фудбалери не може да смета во дуелот.

Флик кажа дека се подготвени за борбата против Валенсија, но не може да смета на услугите на Дани Олмо и Педри.

„Во моментов Педри е одличен, но ќе мора да одмори против Валенсија, ни требаат свежи момци на теренот“, кажа Флик.

Македонскиот голман Столе Димитриевски вечерва се очекува повторно да биде прв избор меѓу стативите на „лилјаците“.