Ѓоковиќ по еден сет го предаде мечот со Зверев, па беше исвиркан од публиката! (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во финалето на Австралија опен, поради повреда го предаде мечот со Александер Зверев кој го доби првиот сет.

Ѓоковиќ имаше проблеми и на мечот со Алкараз, тогаш му се укажа медицинска помош по која успешно се врати и го доби дуелот. Но, овојпат не беше така.

Српскиот тенисер во тајбрек го загуби првиот сет, беше 7-6 (7-5) за Зверев. Ѓоковиќ веднаш потоа отиде на мрежата и го предаде мечот. Му беше јасно дека сега нема да може преку повредата.

Публиката која беше на „Род Лејвер Арена“ немаше разбирање за повредата на Ѓоковиќ, тие беа разочарани што не гледаа подолг меч, па кога Новак се обиде да ги поздрави тие го исвиркаа.

Зверев во финалето ќе го чека победникот од дуелот меѓу Синер и Шелтон.