„Македонските навивачи се лудо фанатични – уживање е да се игра пред нив!“
Тие наведуваат дека македонската публика создала домашна атмосфера за тимот на Кирил Лазаров, но и дека реагирала бурно по поразот, што ги принудило гостинските ракометари да ја напуштат арената под притисок. Но, тие пренесуваат изјава на еден од „понормалните“ холандски ракометари кој наместо да ги осудува Македонците како неговите соиграчи, дури и ги испофали.
„Секогаш е добро да се игра во ваква атмосфера. Настапот против балкански тимови е посебно искуство, со оглед на фанатичната поддршка на нивните навивачи. Прекрасно е колку се фанатични македонските фанови во Вараждин“, холандскиот ракометар, Дани Бајенс.
Македонија на стартот од СП ремизира со Унгарија (27-27), додека последниот меч од групната фаза го игра утре против Гвинеја (18 часот). Победата е очекувано за со тоа и пласманот во вториот круг.