Унгарија ја надигра Франција во борбата за трето место на ЕП
Првите минути ги одбележа неизвесна игра и неколку пресврти на двете страни, по што Унгарија влезе во мини-серија за предност од 10-7, но Французинките до крајот на полувремето намалија на еден гол негатива (12-13).
Во второто полувреме Франција постојано бркаше негатива и конечно направи пресврт (22-21) во финишот, но Унгарија го возврати ударот и на крајот триумфира со 25-24.
Најдобра во победничката екипа беше Катрин Гита Клујбер со девет голови, додека по четири за Франција запишаа Фопа и Зади Деуна.