Ѓоковиќ ќе игра со Синер и Алкараз пред Австралија Опен

Некогашниот прв светски рекет Новак Ѓоковиќ со нетрпение го очекува стартот на новата сезона и Гренд слемот во Мелбурн, а како што најави, пред почетокот на турнирот ќе има активности.

Денеска е потврдено дека тој, заедно со Јаник Синер и Алкараз ќе учествува на „Отворената недела“ во пресрет на Австралија Опен што значи дека ќе игра натпревари во хуманитарни цели. Егзибициските дуели се на програмата од 7 до 10 јануари, а на 12 јануари почнува австралискиот гренд слем.

Иако нема никаква најава, не е исклучено Ѓоковиќ да заигра на уште некој турнир пред Австралија Опен, а во комбинација се оние во Бризбејн и Хонк Конг кои почнуваат на 30 декември.