Веспрем ја прегази Фредериција, Кјелце го нокаутира Колштад
Веспрем ја најави победата уште во првото полувреме, кое го доби со 20-15, по што продолжи да ја полни мрежата на ривалот во вториот дел до конечни 40-31.
Ремили постигна 10 голови во победничкиот тим, додека Табоада запиша седум погодоци за Фредериција. Унгарскиот тим во моментов е лидер во групата А со 18 бодови, додека Фредериција е последна со три поени.
Кјелце го контролираше мечот во првото полувреме против Колштад, иако норвешкиот тим во еден момент израмни на (9-9), но потоа полската екипа замина на паузата со 15-13.
Предноста на Кјелце во вториот дел пет погодоци (19-14), по што Колштад неколку пати се обиде да го скрши отпорот на ривалот, а во самата завршница успеа да намали на еден гол и да ја внесе средбата во неизвесен финиш, кој сепак му припадна на домаќинот.
Душебаев и Морито постигнаа по шест погодоци за Кјелце, додека Јепсон постигна шест гола за Колштад. Кјелце има осум бодови по 10 одиграни кола, додека Колштад освои само шест поени.