Мајката на Циципас направи скандал: Ѓоковиќ е Босанец, но избра да биде Србин!

Мајката на Стефанос Циципас и поранешна тенисерка, Јулија Апостоли предизвика бура во Србија откако кажа дека Новак Ѓоковиќ не е Србин, туку Босанец.

Апостоли во кариерата успеа да стигне до 194. место на ВТА-листата и не оствари посериозни резултати, но со нејзината изјава ептен ги изнервира Србите.

„Живеев во Белград некое време, зборувам српско-хрватски јазик. Иако сите пишуваат дека Новак е Србин, тој е всушност Босанец. Само избра една од националностите кои живееја во поранешна Југославија“, кажа Апостоли.