Абу Даби со 25 милиони евра си го „купи“ Ф4 во Евролигата

Белград ја загуби војната со Абу Даби за организација на завршниот турнир во Евролигата, а српските медиуми ги објавија деталите од одлуката.

Одлуката за организатор на турнирот била донесена по состанокот на Извршниот одбор на клубовите, а дури 11 тимови гласале за Абу Даби, додека само два сакале да се игра во Белград.

Како главна причина за тоа што Абу Даби ја добил организацијата се споменува сумата која ја понудил, а тоа се дури 25 милиони евра, додека Белград нудел „само“ пет милиони евра.

Завршниот турнир во Евролигата ќе се одржи од 23 до 25 мај следната година.