На повидок изненадување: Марсело се враќа во Шпанија?

Славниот лев бек, Бразилецот Марсело неодамна го раскина договорот со Фламиненсе, но иако има 36 години не размислува да ја заврши кариерата.

Бразилецот кариерата би можел да ја продолжи во Европа и тоа повторно во шпанската Ла Лига. Според последните информации, Марсело има понуда од тимот на Леганес.

Од Реал Мадрид, Марсело си замина летото 2022 година, а потоа настапуваше за Олимпијакос, додека дресот на Флуминенсе го носеше од минатата година.

Марсело многу работи го поврзуваат со Шпанија и во овој момент неговиот син живее во Мадрид каде што настапува за младинските категории на Реал Мадрид. Леганес е тим од предградието на Мадрид, па тоа сигурно и тоа како му одговара.

Првите фудбалски чекори, Марсело ги направи во Фламиненсе, а за Реа лиграше од 2007 до 2022 година и во тој период освои се што можеше да се освои.