Илиоски со кроше „ала Тајсон“ го прати Гркот во „царството на соништата“ (ВИДЕО)

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски се пласира во финалето на Европското првенство (ЕП) кое се одржува во Грција, откако во полуфиналето славеше против Гркот Филип Христос.

Илиоски со неверојатно кроше буквално го „патосира“ Гркот кој тресна во рингот по што не можеше да продолжи со борбата против Македонецот.

Во финалето за златен медал, Илиоски ќе се бори против полскиот кикбоксер Ерик Невеовски.