Организаторите во Пјонгчанг оптимисти: Ќе има трка во понеделник!

Натпреварувањето во алпско скијање на Олимписките игри не започна како што сите очекуваа, поради одложување на спустот во машка конкуренција, но од Пјонгчанг остануваат оптимисти и тврдат дека во понеделник сѐ ќе се одвива по планот.

Брзината на ветрот од 72 километри на час ги натера организаторите да ја затворат денеска патеката поради безбедносни причини, па планираниот спуст е одложен за во четврток.

Временската прогноза не му оди на никого во прилог и најавите велат дека силен ветар ќе дува и во понеделник во време, кога се закажани трките во велеслалом во женска конкуренција.

„Нѐ очекува долг ден, а временската прогноза не ветува многу... Ќе биде голем предизвик за скијачите, но и организаторите. Се надеваме дека ветрот ќе се намали и дека програмата ќе продолжи по планот“, вели Скардал, директор на женските трки.

Втора причина поради која спустот не можеше да се оддржи е фактот дека жичарата во Јонгпјонг центарот не можеше да се движи по силниот ветар.

„Ако жичарата не функционира поради втерот, ќе имаме голем проблем и одложувања. Ова го зборувам за да бидат сите подготвени за ветровит ден, но се надевам дека на крајот ќе гледаме добра трка“, додава Норвежанецот.