Шортс избран за МВП на колото во Евролигата

Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс блесна во победата на Париз против Монако со 87-80, по што беше избран за најкорисен кошаркар во петтото коло од Евролигата.

Шортс беше заслужен за дури 53 од вкупно 87 поени, по што вчера му се поклони и Монако, а еден ден подоцна пристигна и признание од европското натпреварување.

„Македонецот“ доби индекс од 38, односно повисок од сите останати кошаркари во досегашниот дел од Евролигата, откако го предводеше Париз со 28 поени, 10 скокови и четири асистенции.