Монако се поклони пред „Македонецот“: На Евролигата ѝ требаше ваков кошаркар (ФОТО)

Париз триумфираше во дербито против Монако со 86-80 во петтото коло од Евролигата, а македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс го заврши натпреварот со 28 поени.

Признание за одличниот настап на Шортс пристигна и од противничкиот табор, односно од редовите на Монако.

„Не даваме пофалби на нашите противници премногу често. Но, Шортс е кошаркар каков што ѝ требаше на Евролигата“, објави Монако.

Шортс, освен 28 поени, на натпреварот запиша и 10 асистенции и четири скокови, односно го заврши мечот како најефикасен кошаркар.

Импресивен е и податокот што Шортс беше заслужен за дури 53 од вкупно 87 поени кои ги постигна неговата екипа во победата против Монако.