Брест остана непоразен и против Леверкузен, Селтик издржа во Бергамо (ВИДЕО)
Фудбалерите на Брест кој сигурно се едно од најпријатните изненадувања сезонава во Лигата на шампионите останаа непоразени и во натпреварот против германскиот шампион.
Првата ѕвезда на Леверкузен, Флоријан Вирц ја затресе мрежата на Французите во 24. минута и донесе водство за својот тим. Предноста на Леверкузен беше актуелна се до завршницата од првиот дел кога Лес-Мелоу погоди за израмнување.
Florian Wirtz. 🇩🇪🪄 pic.twitter.com/wAcLLvqMwz
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) October 23, 2024
⚽️GOAL:Lees Melou scores with this strike!
— Goals Xtra (@GoalsXtra) October 23, 2024
🇪🇺 | Brest 1-1 Bayer Leverkusenpic.twitter.com/YlUsgAeQTQ
Во вториот дел не видовме погодоци, па тој резултат се покажа и како конечен. За Брест ова е прво реми во европската елита по победите против Штурм Граз и Салзбург, Леверкузен исто така славеше во првите две кола во дуелите Фејенорд и Милан.
Аталанта влезе како фаворит против Селтик и доминираше, упатија 20 удари кон голот на шкотскиот тим, но и тоа не беше доволно да го најдат патот до мрежата, па Селтик успеа да остане непоразен.