Ристовски асистира, Динамо води во Салцбург (ВИДЕО)

Хрватскиот првак Динамо има голема шанса да дојде до првата победа оваа сезона во Лигата на шампионите бидејќи од почетокот на второто полувреме води на гостувањето кај Салцбург со 1-0.

Стрелец на голот во 49. минута беше Сандро Куленовиќ, а му асистираше македонскиот интернационалец Стефан Ристовски кој на фантастичен начин го проигра во противничкиот шеснаесетник.

Не смее да се заборави дека Динамо во претходното коло водеше со 2-0 против Монако, но на крајот освои само бод.