На Кејн му поништија еден гол, па израмни од „втора мајка“ (ВИДЕО)

По првата половина од првото полувреме, најефикасно е на Олимпискиот стадион во Барселона каде резултатот е 1-1.

По брзиот гол на Рафиња за водство на домашниот тим, погоди Хари Кејн кој мораше два пати да ја затресе мрежата на Пења за да го израмни резултатот.

Во десеттата минута, англискиот репрезентативец постигна гол со глава, но тој беше поништен поради офсајд, но осум минути подоцна се беше регуларно и Кејн дојде до петтиот погодок сезонава во Лигата на шампионите. Баерн  е апсолутно подобар противник и го диктира темпото, па се чини дека е само прашање на време кога целосно ќе го сврти резултатот во своја корист.