Магичен почеток на Барса - мрежата на Баерн се затресе по само 57 секунди (ВИДЕО)

Екипата на Барселона не можеше да посака подобар почеток на дуелот против Баерн во кој бара крај на катастрофалната серија од шест порази во меѓусебните пресметки.

„Каталонците“ дојдоа во водство по само 57 секунди игра преку Рафиња откако гостите неуспешно поставија една офсајд замка.

Бразилскиот репрезентативец, кој е во улога на капитен, доби прекрасна длабинска топка од Фермин Лопез и без проблеми го совлада Нојер.