Одбраната на Баерн како швајцарско сирење - Барса со два гола предност на полувреме (ВИДЕО)

Иако Баерн ја има иницијативата и далеку поголем посед на топката, Барселона има предност од 3-1 по првите 45 минути од дербито на третото коло во Лигата на шампионите.

Највиновна за тоа е одбраната на баварскиот гигант која киксираше за сите три гола на противникот. Откако по 57 секунди игра му дозволи на Рафиња да се прошета на нивната половина и да го отвори резултатот, истото беше и во 36. и 45. минута.

Прво на Фермин Лопез му ја подари топката за овој да му асистира на Левандовски кој ја врати предноста за Барса, а потоа тотално излезе од игра по една топка од Касадо кон Рафиња по што Бразилецот по вторпат се запиша во листата на стрелците.