Златан и Халанд - само тие можат вака да постигнат гол (ВИДЕО)

Ерлинг Халанд го зголеми своето конто во Лигата на шампионите откако вечерва постигна два гола во победата на Манчестер Сити против Спарта Прага со 5-0.

Особено внимание предизвика вториот погодок на норвешкиот репрезентативец со кој го донесе својот тим во водство од 4-0.

Голот беше како пресликан на оние што ги постигнуваше Златан Ибрахимовиќ додека активно играше фудбал - во карате стил и завртен со грбот кон противничкиот голман.