Футсалците на Форца убедливо поразени на стартот од Лигата на шампионите

Maкедонскиот футсал шампион Форца претрпе убедлив пораз во втората групна фаза од Лигата на шампионите.

Футсалците на македонскиот претставник беа поразени од Рига од Летонија со 5-1. По половина час игра на паркетот летонскиот претставник водеше со 3-0, а стрелаа Сержињо, Страждинс и Даниел Аиросо. Токму во таа минута Форца го постигна утешниот гол на мечот кој беше дел на Берио за 3-1.

До крајот мрежата на Форца ја погодуваа уште Варгас и Страждинс за конечни 5-1.

За Форца ова беше прв натпревар, а во второто коло утре од 21:00 часот ќе се соочи со тимот на Бањица од Србија, преостанатиот тим во групата е холандскиот Тајгерс Роермонд.