За првпат по 2007 година Бразилец ќе ја освои „Златната топка“?

„Франс Фудбал“ следната недела ќе ја додели „Златната топка“ за 2024 година, а според „АС“ добитникот е веќе познат.

Според најавите признанието ќе заврши во рацете на Винисиус Жуниор од Реал Мадрид кој одигра одлична сезона во дресот на „кралевите“.

Минатата сезона Винисиус со Реал Мадрид ги освои трофеите во Лигата на шампионите и Примера, а постигна 24 гола и подели 11 асистенции. Во потесната конкуренција како што пренесуваат Шпанците биле уште Килијан Мбапе и Џуд Белингем, како и Родри од Манчестер Сити.

Најпрестижното индивидуално признание ќе биде доделено идната недела на 28 октомври.