Тен Хаг со нетрпение го очекува мечот со Фенербахче: Секогаш уживам во пресметките со Мурињо

В четврток, во рамките на Лигата Европа, во Истанбул се среќаваат Фенербахче и Манчестер Јунајтед, дуел кој ќе предизвика најголемо внимание во натпреварувањето на УЕФА.

Менаџерот на Јунајтед, Ерик Тен Хаг беше полн со комплименти за својот ривал од спротивната страна Жозе Мурињо за кого посочи дека бил пример за многу тренери во овие две децении.

„Секогаш уживам во пресметките со Мурињо бидејќи тој секогаш има добри екипи. Жозе е победник, освоил толку многу трофеи и ни претстои голем натпревар“, изјави, меѓу другото, Тен Хаг.

Јунајтед се уште нема победа во Лигата Европа оваа сезона и во моментов се наоѓа на 21. место на табелата со два бода.