Анчелоти воодушевен од ѕвездата: Белингам има ма*иња и карактер!

Реал Мадрид се наоѓа на втората позиција во шпанската Ла Лига и ја „лови“ Барселона која е лидер, а тренерот Карло Анчелоти имаше коментар за неговиот последен меч против Селта виго.

„Кралевите“ триумфираа со 2-1, но Џуд Белингам му беше ептен лут на Винисиус Жуниор и му се развика сред натпревар затоа што Бразилецот беше себичен во една ситуација.

„Искрено, јас не ја забележав ситуацијата. Мора да погледнам уште еднаш. Доколку се случило такво нешто, тоа значи дека Белингам има ма*иња и карактер и тоа ме радува“, кажа Анчелоти.

Реал е втор на табелата со 24 бодови по 10 одиграни кола, односно три бода помалку од Барселона.