Лудило во Нови Пазар пред мечот со Партизан: Локални хулигани ја нападнаа полицијата (ВИДЕО)

Попладнево во Нови Пазар, истоимениот домашен тим се среќава со Партизан во рамките на српското фудбалско првенство, а пред и на почетокот од мечот владееше голема тензија.

Нови Пазар е казнет со играње без публика, но околу стадионот и низ улиците на градот, на повеќе локации дојде до судир на домашните навивачи и припадниците на полицијата. На помош дојдоа и специјалци, но и тие беа нападнати со пиротехнички средства и со топовски удари.

Поради една силна детонација, накратко беше прекинат и дуелот меѓу Нови Пазар и Партизан и тоа по само четири минути игра. 

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 192.RS (@192_rs)