По пауза од 11 месеци, Гави се враќа во тимот на Барселона (ФОТО)

Големиот талент на шпанскиот фудбал Гави се најде на поширокиот состав на Барселона за денешниот натпревар против Севиља што се игра од 21 часот.

Тоа е првпат тој да се најде во конкуренција за настап по пауза од 11 месеци, односно по 19 ноември 2023 кога доживеа тешка повреда на натпреварот на шпанската репрезентација против Грузија, во квалификациите за Европското првенство. Тешко дека Гави ќе биде дел од стартната постава, но може да се очекува да настапи десетина минути ако Барса има пристојно водство во второто полувреме.

Покрај Гави, вечерва во тимот се враќаат и Дани Олмо и Фермин Лопез кои паузираа поради повреда, но го нема Феран Торес кој се повреди на претходниот меч.