Хрватски ракометари се херои – му го спасиле животот на возач на превртен камион (ВИДЕО)

Ракометарите на нисколигашката екипа Спачва од Винковци, заедно со тренерите и останатите членови на и стручен штаб се херои овој викенд во Хрватска, откако му го спасиле животот на возач на камион, кој претходно се превртел на автопат.

Станува збор за грчки државјанин, кому му се слошило поради што изгубил контрола врз своето возило.

„Камион неколку километри возеше неправилно и одеше од лента до лента. Веднаш забележавме дека ситуацијата не е добра, па почнав да свирам за да го запрам, но тој продолжи да вози. Целата оваа ситуација траеше околу 15 километри. Тогаш камионот почна се повеќе да вози цик-цак по патот, а во еден момент се преврте. Веднаш истрчавме до камионот, се обидовме да ја отвориме вратата, но не можевме. Некои момци си ги раскрвавија рацете и нозете за да го извлечат. Во целата таа гужва и тропање, возачот се освести. Успеавме да го извлечеме и да го однесеме покрај автопатот. Камионот почна малку да чади, па го обезбедивме со противпожарни апарати - изјави Јосип Мечиќ, тренерот на ракометниот клуб Бјелин Спачва од Винковци.

Целата приказна прочитајте ја ТУКА.