Барселона ја прегази Севилја и пак им се одлепи на „кралевите“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона одиграа уште еден моќен натпревар, во кој ја прегазија Севилја (5-1) со што дојдоа до деветтата победа во десеттиот меч сезонава во Ла Лига.

Каталонците сите дилеми околу побендикот ги решија во само 15 минути кон средината на првото полувреме, кога Роберт Левандовски со два гола (првиот од пенал) и Педро со еден им обезбедија огромно водство со 3-0. Точка на средбата стави 21-годишниот Пабло Торе со два погодока во самиот финиш и тоа во првите 15-тина минута откако влезе во игра. Идумбо беше стрелец на почесниот гол за гостите.

Барса повторно е на врвот на табелата со 27 бодови, три повеќе од вечниот ривал Реал Мадрид, а дури седум повеќе од Атлетико Мадрид.