Лаутаро Мартинез херој во големата победа на Интер среде Рим (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер не му дозволија на Наполи да се одлепи на врвот од табелата во Серија А, откако вечерва излегоа како победници од тешкото гостување кај Рома (1-0).

Херој на вечерва во миланскиот тим беше Лаутаро Мартинез, кој го постигна победничкиот гол во 60. минута. Рома имаше корнер, а по одбиената топка следеше голема грешка на средината од теренот, по што „нераѕурите“ тргнаа во противнапад. На крајот топката падна на ногата на Мартинез, кој со силен удар ја затресе мрежата на домаќинот. За него ова беше 133. погодок за составот од Интер, со што се изедначи со Иштван Наерс како најдобар стрелец меѓу странците во овој тим.

За Интер ова беше петта победа во осмиот меч сезонава во италијанската елита, со која дојде до второто место со 17 бодови, два помалку од лидерот Наполи, а еден повеќе од Јувентус, кој се уште нема пораз.