Барса игра моќно: Левандовски и Педри за 15 минути постигнаа - три гола (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона уште по првото полувреме речиси да ги обезбедија трите бода во вечерашната пресметка против Севилја, откако во само 15 минути постигнаа три гола и дојде до недостижна предност.

Роберт Левандовски продолжува да решета, па два од овие погодоци беа негови, првиот од сомнителен пенал во 24. минута, а вториот беше третиот за неговиот тим во 39 минута. Помеѓу егзекуциите на полскиот интернационалец мрежата на гостите ја затресе Педри во 28 минута по одлична асистенција на „малиот“ Ламин Јамал.

Напаѓачот на Барса имаше можност и за хет-трик во кус период, но неговиот удар за голот број три го одбрани чуварот на мрежата на Севилја.