Ѓоковиќ позираше во облека на шеик и ги одушеви навивачи во арапскиот свет (ФОТО)

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, изминативе денови се наоѓа во Саудиска Арабија, каде што го освои третото место на егзибицискиот турнир „Шест кралеви“.

Ден откако го победи Рафаел Надал во „,алото финале“, Србинот на социјалните мрежи објави фотографии кои предизвикаа големо внимание во јавноста, особено на Блискиот Исток. Тој во Саудиска Арабија позираше во традиционална облека, поради што фановите во коментарите веднаш го нарекоа „Шеик Ноле“.

Оваа облека се нарекува „кандура“ или „тавб“, што е долг бел или црн машки фустан. Станува збор за народна носија, долг бел фустан, додека на главата носел „кефије“ или „гутра“, што е традиционален шал, врзан со црно јаже.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)