Ќамили со два гола му донесе победа на Сондерјиске против лидерот (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Лирим Ќамили е херој на тимот на неговиот тим Сондерјиске, во дуелот со Митјиланд.

Сондерјиске славеше со 3-2 против тимот кој до ова коло беше лидер на табелата во данското првенство, а сега е израмнет со Брондби. Тоа е само три триумф на екипата во која настапува Ќамили, а нашиот фудбалер стигна до вкупно пет гола во шампионатот.

Тој ги постигна првите два погодока на натпреварот, првиот во 41., а потоа во 51. минута. Натпреварот, сепак, беше драматичен до крајот бидејќи Митјиланд два пати се врати во игра, прво на 1-2, а потоа на 2-3, но не успеа да стигне барем до бод.