Наполи со гол од пенал го победи Емполи (ВИДЕО)
Емполи добро го започна натпреварот и во првиот дел беше подобар противник. Како играше Наполи во овој дел најдобро покажува тоа што гостите не упатија ниту еден удар во рамките од противничкиот гол.
Но, сликата во вториот дел се промени, лидерот на табелата ја презема иницијативата и започна да игра подобро, сепак повторно Наполи не создаваше некои посебно добри прилики.
Моментот на одлука се случи во 63. минута кога Квича Кварацхелија реализираше најстрога казна.
FT #SerieA
— Siaran Bola Live (@SiaranBolaLive) October 20, 2024
Empoli 0-1 Napoli
Gol: Penalty Kvaratskhelia
Napoli Puncak 🔝pic.twitter.com/6eDf2oncuF
Со овој триумф Наполи доаѓа до 19 бода на врвот на табелата три повеќе од Јувентус и пет од Интер кој вечерва го игра дербито со Рома.