Скандал: Аргентинец се предаде на меч-топка на ривалот! (ВИДЕО)

Аргентинскиот тенисер Камило Уго Карабели ја шокираше публиката на турнирот во Бразил, откако направи скандалозен потег во финишот од мечот против Тристан Бојер.

Американецот Бојер го освои првиот сет со 6-3, а потоа во вториот стигна до 5-4 и 40-0, но Аргентинецот реши да направи неочекуван потег.

Додека американскиот тенисер се подготвуваше да сервира, Карабели дојде до него и му го предаде дуелот.

АТП засега не ја откри вистинската причина за потегот на Карабели, но најверојатно ќе го истражи случајот за потенцијално нелегално обложување.